Се враќа ли Јовиќ во Металург?

Почетокот на сезоната за Металург означи нова ера, нов стручен штаб и управа која требаше да ја продолжи ракометната традиција на некогашната ракометна сила од Автокоманда. 

Но, наместо позитивни вести, Металург се соочи со најлошата полусезона во својата историја, неколку заминувања и низа лоши резултати.

На средина од есенскиот дел на сезоната, проблемите за Металург се стабилизираа, но поразите продолжуваат, причина повеќе за почеток на шпекулациите за нови промени. Во ракометните кулоари веќе се зборува за незадоволството на сопственикот на Металург кон стручниот штаб, а вчерашниот состанок меѓу сопственикот и тренерот кој го водеше Металург минатата сезона само ги подгреа шпекулациите.

Александар Јовиќ пред седиштето на „Бетон“

Ќе се врати ли Александар Јовиќ повторно во Металург?