Се врати оптимизмот во Пик Сегед: И Калман најави Ф4 за шампионот на Унгарија

Екипата на Вардар минатиот четврток го прегази својот противник во завршницата од средбата и го совлада со 31:23, а на овој дуел можеше да се забележи колку „црвено-црните“ се мотивирани за да успеат.

После натпреварот кај ракометарите на тимот од Унгарија можеше да се забележи дека се максимално разочарани. Иако имаше некоја мала искра надеж дека имаат некоја шанса и на реваншот таа одеднаш како да порасна и сите почнаа да зборуваат дека можат да го совладаат Вардар со девет гола.

„Знаеме што нè доведе до пораз од Вардар во Скопје. Одигравме катастрофално лошо во последните неколку минути. Сепак, ништо не е загубено. Имаме уште 60 миунти и со нетрпение ги очекуваме. Веруваме дека можеме да се бориме против Вардар и веруваме дека можеме да се пласираме на завршниот туринр во Келн. Со помош на нашите навивачи кои секогаш знаеле да направат одлична атмосфера можеме против секого. Сигурен сум дека в недела ќе успееме да направиме поголема разлика од негативата со која се вративме од Скопје“, вели Јонас Калман.

Тој во Скопје имаше просечен меч, а се оправда со тоа дека има повреда на грбот која ја лекува подолг период.