Се воведува и во Македонија: На 12 септември се игра првиот Супер куп

Она што е традиција во многу земји, пред почетокот на домашното првенство да се одигра и натпревар од Супер Куп, меѓу првакот и победникот на Купот сега ќе го им и во Македонија. Првиот Супер Куп треба да се одигра на 12 септември, меѓу Вардар и Еурофарм Работник.

Тоа ќе биде реприза на финалето на Купот на Македонија, каде тримфираше екипата на Вардар, 31-26 против Еурофарм Работник, и тоа во Битола. Вардар е првак на Македонија, а Еурофарм Работник како финалист на Купот повторно добива шанса да игра во Супер Купот.

Лани во пропозициите беше ставено дека во иднина РФМ пред почетокот на сезоната ќе организира ваков натпревар.
Домаќин на средбата најверојатно ќе биде Скопје, и уште поверојатно салата во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар ја отвора сезоната со меч од СЕХА лигата, викендов во СЦ „Борис Трајковски“ против Металург, а потоа се среќава со Гпорење и Мешков, исто така во СЕХА лигата. Овој меч од Супер купот ќе биде генерална проба пред првиот натпревар од лигата на шампионите со Висла Плоцк на 17 септември во Скопје.