Се „вжештува“ борбата за опстанок во Бундес лигата

Во неделниот термин за Бундес лигата се одиграа четири средби на кои паднаа многу погодоци, но се доби и повжештена трка помеѓу оние екипи кои се борат за опстанок.

Интересно беше на натпреварот помеѓу Лајпциг и Гепинген, а победата ја однесе Лајпциг (29:25), и со тоа се одалечи на плус три поени од последнопласираниот Лудвигсхафен. Натпреварот течеше израмнето во првиот дел за во вториот, Лајпциг да собере сили и да однесе победа.

Кил ја продолжи својата серија на триумфи. Овој пат „зебрите“ беа поуспешни на гости од Минден и се уште се во трка за титулата. Успеа Кил да слави убедливо со 29:37, а најзаслужни за тоа беа разиграните Домагој Дувњак и Лукас Нилсон кој погодија по осумпати. На спротивната страна единаесетте одбрани на Ким Соне – Хансен не беа доволни за подобар резултат.

РЕЗУЛТАТИ:

Хановер – Мелсунген 29:36 (15:22).

Гумерсбах – Вецлар 19:26 (9:15).

Лајпциг – Гепинген 29:25 (12:12).

Минден – Кил 29:37 (17:19).

Табела: 1. Фленсбург 22 (+46), 2. Магдебург 20 (+72, + 1 меч), 3. Кил 20 (+70, + еден меч), 4. Рајн Некар Левен 17 (+48, – 1 меч), 5. Бергишер 14 (+16)…