СЕХА-лига: Татран Прешов денеска во Скопје ќе го предизвика Вардар

Денеска стартува претпоследното коло од СЕХА-лигата за 2018 година. Со дуелот меѓу Мешков Брест и Железничар се отвора 12. коло, а вечерва и Вардар и Татран Прешов ќе го одиграат свјот дуел по што ќе има пауза од два дена до следните пресметки од колото.

Со оглед на тоа што пет кола се планирани за напролет следната седмица ќе бидат одиграни дуелите од 13. коло по што ќе почне паузата на репрезентациите за подготовките за Светското првенство.

Во моментов Вардар е лидер на табелата во СЕХА-лигата и има ист број на бодови со Загреб. Сепак, може да се очекува вардарци да немаат поголеми проблеми за ад се изборат за врвот и сите очекувања се и денеска да дојдат до победа по што ќе можат само да се одржат на највисокот место на табелата.

СЕХА-ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 12. КОЛО

СРЕДА, 12.12.2018

18:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – ЖЕЛЕЗНИЧАР

20:15ч

ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ

САБОТА, 15.12.2018

18:00ч

ВОЈВОДИНА – СТЕАУА

20:00ч

ИЗВИЃАЧ – ППД ЗАГРЕБ

НЕДЕЛА, 16.12.2018

20:15ч

НЕКСЕ – МЕТАЛУРГ

ТАБЕЛА: 1. Вардар 27 бода (319:283); 2. ППД Загреб 27 (288:254); 3. Татран Прешов 24 (314:263); 4. Нексе 24 (289:262); 5. Мешков Брест 18 (348:320); 6. Стеауа 15 (286:309); 7. Војводина 13 (276:294); 8. Железничар 10 (285:316); 9. Металург 4 (304:339); 10. Извиѓач 1 (268:337).