СЕХА ЛИГА: НЕКСЕ ОДИГРА МАШКИ, НО БОДОВИТЕ ОСТАНАА ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар и по третиот натпревар во регионалното натпреварување остана со максимален број бодови откако вечерва Нексе загуби со 31-28. Во Скопје, ракометарите на Раул Гонзалес не беа на вистинското ниво, а Нексе тоа го искористи за да ја покаже тежината на второто место во Хрватска. По шеесет одиграни минути, Вардар запиша нови три бодови кои за момент ќе го искачат на врвот на СЕХА табелата.
Хрватите и покрај борбеноста, желбата и карактерот кој го покажаа на теренот во „Јане Сандански“, на крај им честитаа на подобрите и им посакаа успех во поквалитетнотто натпреварување, Лигата на шампионите…
Галеријата од овој натпревар можете да ја погледнете подолу.
[Best_Wordpress_Gallery id=”150″ gal_title=”SEHA 15/16 Vardar-Nexe”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ