СЕХА ЛИГА: Војводина за загревање пред Монпелје, Вардарци рутинирно до дванаесетата победа!

Во натпревар од вонредното последно 18-то коло од СЕХА лигата, Вардар во СЦ „Јане Сандански“ ја пречека екипата на Војводина.
Вардар 30-26 Војводина (15-13)
Елезовиќ го постигна првиот гол во неизвесните почетни 30 минути. Резултатски ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. До 15 минута Војводина ја имаше иницијативата, а во 13-та со голот на Орбовиќ и првите два гола предност 5-7. Душебаев и Стоилов беа „виновниците“ за пресврт на „црвено-црните“, а Карачиќ и Горбок за првото водство од три голови за домашниот тим, 11-8 во 21-та минута. Во средината на првиот дел ракометарите на Вардар ја превземаа контролат над играта и до истекот на првото полувреме ја задржаа разликата од два гола, 15-13.

FLP_2567-2
Фото: Филип Вирановски
FLP_2734-2
Фото: Филип Вирановски

Второто полувреме започна со мини серија на вардарци за највисоката предност на натпреварот од четири голови разлика 17-13. Но кога се чинеше дека Вардар конечно ќе го одведе натпреварот во мирна и рутинирана завршница, Јовановиќ, Станковиќ и Денич ја вратија неизвесноста на натпреварот и во 36-та минута намалија на само еден гол предност за Вардар 17-16. Стефан Терзиќ и Немања Прибак во продолжение го вратија водството од три разлика, негатива која Војводина ја одржуваше до 50-та минута. Последните десет минути од натпреварот ги означи Марковиќ со прецизен удар од пенал, а минута подоцна Терзиќ постигна гол за највисоките пет погодоци предност на натпреварот, 28-23.

Во финиш на дуелот кога веќе се беше познато, Вардар рутинирано го приведе натпреварот до посакуваниот крај. По шеесет минути ракомет, резултатот на семафорот гласеше 30-26.

Најпрецизен во екипата на Вардар беше Стефан Терзиќ со пет погодоци, а Прибак и Горбок го следеа со четири. Кај гостите Јовановиќ постигна 6 погодоци.


ФОТОРЕПОРТЕР: Филип Вирановски