СЕХА-лига: Вардар со меч помалку и понатаму е лидер

Во минатите три дена беа одиграни средбите од 6. коло во СЕХА-лигата, а фаворитите за победа имаа свои денови и не ја пропуштија шансата за да стигнат до нови бодови. Работите одеа одлично, а на табелата и понатаму во водство е екипата на Вардар.

Металург после претрпениот пораз од Горење остана на шест бода и падна на 7. позиција, а како ќе се одвиваат работите ќе се знае после утрешниот ден кога ќе биде комплетирано 5. коло.

Утре во заостанатите средби од 5. коло се среќаваат Целје-Вардар и Горење-Војводина, а потоа ќе следува пауза во СЕХА-лигата до 7 ноември.

РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 30:23

ДИНАМО П. – ЦЕЛЈЕ     26:37

ВОЈВОДИНА – БРЕСТ М.              27:36

МЕТАЛУРГ – ГОРЕЊЕ    24:29

НЕКСЕ – ТАТРАН П.         23:27

ТАБЕЛА: 1. Вардар 15 бода (-1 меч); 2. Брест 12; 3. Татран П. 12; 4. ППД Загреб 10; 5. Целје 10 (-1); 6. Горење 7 (-1); 7. Металург 6; 8. Нексе 4; 9. Војводина 3 (-1); 10. Динамо П. 3.