СЕХА доби нов шампион: Веспрем го прегази Мешков за прв трофеј во регионалната лига!

Се спушти завесата на овогодинешното издание на Фајнл Фор турнирот во Веспрем. СЕХА Гаспром лигата доби нов шампион во името на унгарскиот првак Веспрем. Тимот на Ортега во регуларниот тек на сезоната имаше само еден единствен пораз, од екипата на Вардар. Финалниот турнир само послужи за потврда на формата во која се наоѓа Веспрем пред четвртфиналните дуели од Лигата на шампиони.
FLP_7465
МКБ МВМ Веспрем 32-21 Мешков Брест (14-9)
Прашањето на победникот домаќинот го реши во првите дваесет минути од натпреварот, единствено непозната остана разликата со која белорускиот шампион ќе загуби на овој финален натпревар. Неизвесен ракомет се играше до 20-та минута кога Унгарците им го зададоа првиот удар на Мешков.
FLP_7454
Со серија од 4-0 која ја заврши Нилсен, Веспрем имаше предност од четири голови. Разликата ја одржаа до самиот крај на првиот дел, кога Маргуч ги постави првите пет голови разлика, 13-8. Мешков и Веспрем постигнаа по уште погодок до истекот на првите триесет минути за конечни 14-9.
FLP_7469
Во преполната Веспрем арена, ракометните ѕвезди на унгарскиот гигант продолжија да го зголемуваат водството и во вториот дел. Во 39-та минута Угалде постигна гол за осум погодоци разлика. Првите десет голови предност Веспрем ги обезбеди со прецизниот удар од седум метри на Гаспер Маргуч во 51-та минута.Но натпреварот сеуште не беше завршен за унгарската машинерија, додека публиката се забавуваше на трибините, Лекај постигна погодок 30 секунди пред крај за највисоките 12 голови разлика 32-20. Николенку со звукот на сирената ги постави конечните 32-21.
FLP_7294
Ова е прв трофеј за Веспрем на премиерниот настап во СЕХА лигата, додека Мешков втор пат во низа го освојува второто место на СЕХА Ф4 турнирот. Најпрецизен во екипата на Веспрем беше Маргуч со 9 погодоци и 100% учинок, додека кај Мешков, Растко Стојковиќ постигна осум погодоци.
ФОТО:ФИЛИП ВИРАНОВСКИ