„СЕХА Вардар“ го заслужи четвртото место: Младите ракометари на Вујо зрели за европско изненадување!(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Натпреварот за трето место на Фајнл Фор турнирот во СЕХА лигата ги спои двете регионални екипи кои ќе се натпреваруваат во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Вардар вчера во сите елементи на играта беше надигран од белорускиот шампион, додека на екипата на Загреб и недостасуваше малку среќа и искуство да ја шокира Веспрем арената во вчерашниот полуфинален дуел против домаќинот.
Мала утеха е третото место кое ППД Загреб го освои откако беше поуспешен од РК Вардар. Ова е трет пат Загреб да го освои третото место на завршниот турнир од СЕХА лигата. Од друга страна, Вардар го забележа најлошиот настап откако постои СЕХА Фајнл Фор турнирот.
СЕХА сезоната е завршена, до следната година треба да се поправат техничките грешки, да се подигне мотивацијата и да се преиспитаат одлуките од оваа сезона кои ќе служат како важна ракометна лекција и искуство повеќе.
[Best_Wordpress_Gallery id=”70″ gal_title=”SEHA Final 4 VARDAR-ZAGREB (treto mesto)”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ