СЕХА: Арсиќ ги има двете најдобри одбрани на натпреварот против Вардар (ВИДЕО)

Вардар со победа од 23-32 го победи Металург во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Освен неизвесноста во првите седум минути европскиот шампион го контролираше натпреварот и резултатот, а на Металург не му помогна ниту малиот процент одбранети удари од нивниот голман Дарко Арсиќ кој одбрани само 5 пати од 31 удар кон неговиот гол.

Но дефинитивно Арсиќ ја заслужи титулата најдобра одбрана на натпреварот, откако на двапати во ист напад беше поуспешен од нападот на „црвено-црните“. Тој најпрво му одбрани на Вуко Борозан, а одбиената топка заврши во рацете на Марсениќ но иако веќе беше на земја, српскиот голман успеа да го спаси својот гол.