Сефте победа за Дејвис: Вардарки ја декласираа Астраханочка

Македонските првенки во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионките во Скопје го совладаа составот на Астраханочка. Новите бодови на контото на Вардар ги задржаа во пол позиција во групата Б пред последните два дуели против Лајпциг и ФТЦ Будимпешта.

varastr-8

Вардарки одлично го започнаа натпреварот. Пенезиќ и Радичевиќ го отворија натпреварот со предност за Вардар од 2-0, а на спротивната страна сигурна беше голманката Песоа и тоа им овозможи предност на домаќините. Гостинките се заканија и бргу го изедначија резултатот на 2-2, но тоа беше последниот обид за враќање во игра на рускиот шампион. Со три голови во низа Вардарки ја најавија својата доминација, а до највисоките +7 (15-8) дојдоа во 24-та минута со шестиот гол на Радичевиќ. До крајот на првиот дел Вардарки ја одржуваа високата предност, иако новиот тренер на „црвено-црните“ ја промени речиси комплетната постава на терен. Двете екипи на пауза заминаа со резултат 18-13.

 varastr-10

Второто полувреме беше само формалност за македонскиот шампион. До 41-та минута Вардарки имаа двоцифрена предност (28-18). Кога се веќе беше решено, а играта на противникот се распадна во 54та минута Вардарки преку Херем ги достигнаа највисоките 36-22.До крајот на натпреварот во атрактивна завршница Вардар извојува нова победа со конечни 39-25.

varastr-6

Најпрецизна во составот на Вардар беше Јованка Радичевиќ со  9 голови, ја следеше Пенезиќ со пет и Алтхаус и Хмирова со четири. Кај рускиот првак Постнова постигна пет погодоци, додека Кожокар беше најефикасна со седум голови.

varastr-11

Во следното коло Вардар гостува во Унгарија кај составот на ФТЦ Будимпешта во борба за првото место во група Б.