Серијата продолжи, се пишува историјата: Шест години Вардар меѓу најдобрите осум во ЛШ

Обезбедувањето на пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите значеше дека ракометарите на Вардар по шесттипат во серија ќе бидат меѓу најдобрите осум екипи во најсилниот куп. Загреб немаше сили да ги запре „црвено-црните“, па тие успеаја да стигнат до посакуваниот резултат и на крајот се изборија за место во уште два меча кои ќе одлучуваат за ново учесто на Ф4 во Келн.

Вардар одигра одлични средби против ППД Загреб и без проблеми влезе во завршницата. Прашањето за противникот ќе биде одговорено утре кога Пик Сегед ќе одигра средба против екипата на Висла Плоцк. Се очекува тоа да биде составот на Пик Сегед, но мора да се почека одигрувањето на реваншот.

Инаку, она што е поважно е дека Вардар е една од ретките екипи кои успеваат константно да дотуркаат до четврт-финале во последните шест години. Ова е шестто четврт-финале во кое „црвено-црните“ ќе бидат дел така што е јасно дека ќе биде и максимално интересно особено ако се знае дека и таму ќе има што да се види од шампионите на Македонија.

Секако вреди да се погледнат сите четврт-финалиња. Досега противници биле претставниците на Германија, Унгарија и Полска, а и новиот ривал ќе биде од една од овие земји. Пик Сегед е шампион на Унгарија, а Висла Плоцк вицепрвак на Полска.

СИТЕ ЧЕТВРТ-ФИНАЛИЊА НА ВАРДАР

2013/14

ФЛЕНЗБУРГ – ВАРДАР   24:22/25:27

2014/15

ВАРДАР – КЕЛЦЕ            20:22/31:33

2015/16

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      26:29/30:30

2016/17

ФЛЕНЗБУРГ – ВАРДАР  24:26/27:35

2017/18

КИЛ – ВАРДАР 28:29/28:27

2018/19               

ВАРДАР – ПИК СЕГЕД/ВИСЛА ПЛОЦК