Сердарушиќ за 24Ракомет ТВ: ПСЖ не е фаворит во Келн! (ВИДЕО)

Ракометната тренерска легенда Нока Сердарушиќ во првата година од преземањето на милионерскиот состав од Париз, успеа да го однесе францускиот состав на битката помеѓу најдобрите четири екипи во Европа. На составот во чии редови има ракометари од калибарот на Омејер, Карабатиќ, Хансен местото дефинитивно му е во Келн, но популарниот “Нока” не смета дека неговиот тим ја има фаворитската улога во однос на останатите три учесника на Фајнл Фор турнирот.

Комплетната изјава на Ѕвонимир Нока Сердарушиќ дадена специјално за 24Ракомет ТВ во Келн, погледнете ја на следново видео.