Сердарушиќ главен кандидат, Ивица Обрван во комбинациите за нов селектор на Хрватска!

Делегација на Хрватскиот Ракометен Сојуз на состанокот со Ивано Балиќ, кој на крај на сезоната треба да ја превземе функцијата координатор за машки ракомет ги договори деталите околу улогата на еден од најдобрите ракометари во историјата.
Иако сеуште е активен ракометар на германскиот бундеслигаш Вецлар, челниците на ХРС се упатија во Франкфурт за да побараат совет и мислење за иднината на хрватскиот машки ракомет. На состанокот Балиќ ги образложил своите ставови околу новиот селектор на репрезентацијата и дал свои предлози за името на новиот шеф на стручниот штаб на ракометната рпрезентација. Иако деталите од состанокот сеуште не се познати, Балиќ во повеќе наврати ја поддржа идејата за Сердарушиќ како селектор и Метличиќ како тренер на селекцијата.
Единствен проблем за избор на нов селектор е богатиот катарски шеик, Хамад Бин Калифа Ал-Таниј, сопственик на спортскиот колектив ПСЖ, кој сака да го види Сердарушиќ на клупата на својот клуб. Во случај Сердарушиќ да замине за Париз, како други можни опции највлијателните хрватски ракометните новинари ги истакнуваат македонскиот селектор Ивица Обрван и Владимир Перковиќ како најсериозни кандидати.
Последната анкета на порталот „индекс.хр“ во трка за селекторската фотелја им дава предност на Веселин Вујовиќ, Лино Червар и Ирфан Смајлагиќ, експерти кои имаат најголема поддршка од ракометната јавност во Хрватска.

Еден од челниците на хрватскиот ракомет Зоран Гобац за можниот трансфер на Сердарушиќ во ПСЖ вели:

Тоа е стара приказна и сметам дека нема да се реализира, иако факт е дека Сердарушиќ е близок со браќата Карабатиќ веќе подолго време. Тој ја прифати тренерската позиција во Аих Ен Провансе само за да му помогне на Лука Карабатиќ кој игра таму.
Разврската околу иднината на хрватскиот машки ракомет се очекува во наредниот период.