Сергеј Горпишин: Изгубивме поради лошата игра во нападот

Репрезентацијата на Русија забележа висок пораз на домашен терен од Унгарија во квалификациите за ЕП 2020. Своја оценка за натпреварот даде засилувањето на пикерската позиција во Вардар за следната сезона, Сергеј Горпишин. Тој причината за поразот ја гледа во нивниот слаб напад, а за одбраната вели дека била на солидно ниво.

‚‚Расположението во репрезентацијата не е најдобро, многу не вознемири поразот. Мислам дека не успеавме во играта во напад. Одбраната функционираше добро, примивме 25 гола, а тоа не е многу во ракометот. Не ја губиме надежта, ништо не е изгубено, борбата за Европско првенство продолжува. Треба да ја анализираме играта и грешките и да се подготвиме за вториот натпревар со Унгарија. Можеме да играме против секоја репрезентација‘‘. изјави Горпишин.

Возвратниот дуел против Унгарија, на кој Русија ќе се обиде да го поправи впечатокот се игра во недела со почеток во 16:00 часот.