Сергеј Горбок: Дадов сè од себе и одиграв со цело срце

На натпреварот против ППД Загреб во составот на Вардар се врати, Сергеј Горбок. Тој постигна два гола на мечот против Загреб така што на одличен начин покажа дека паузата не оставила голема трага на неговата игра.

„Бевме подготвени за овој натпревар и во првото полувреме покажавме добра игра. Влеговме добро во натпреварот, но во вториот дел не одеше најдобро. Загреб одигра подобро, но ние сме задоволни од епилогот. Со нетрпение го чекаме новиот натпревар исто како и нашите навивачи. Јас сум презадоволен од тоа што се вратив на теренот. Деновиве разговаравме со Парондо и тој ми рече дека ќе ми даде шанса да играм. Со цело срце дадов сè од себе денеска. Драго ми е што успеав да го направам тоа со победа“, изјави Горбок.

Со враќањето на теренот значи дека Горбок ќе биде во комбинација за настап и на средбите во Брест така што бековската линија е посилна пред пресметката со Мешков.