Серафимов: Да се комплетираме, за да се вратиме на успесите

Македонскиот вицепрвак денес го забележа третиот пораз во СЕХА лигата оваа сезона. На домашниот терен на Металург поуспешен беше Нексе, а ниту седумте гола на младиот македонски репрезентативец Мартин Серафимов не беа доволни за трите бода од овој дуел.

 

Повредите и малиот број играчи во ротацијата на Данило Брестовац, играа клучна улога во поразот на составот од Автокоманда. Серафимов со оптимизам истакна дека со враќањето на повредените ракометари Металург ќе им се врати на победите.

 

 

Мартин Серафимов, ракометар РК Металург:

“Малиот број на играчи беше клучен за да излеземе од овој дуел со позитивен резултат. Немавме можност за многу измени. Имаше ракометари кои по 60 минути трчаа на теренот и воопшто не се одморија. Затоа се надевам дека бргу ќе се вратат повредените ракометари, за да можеме да направиме повеќе успеси.”

 

Слединот дуел на Металург во СЕХА лигата е за десет дена. Во Скопје Металург го пречекува Извиѓач. Токму на тој натпревар Металург треба да се надева на првите бодови во регионалното натпреварување.