Септември му лежи на Вардар, секогаш го победува Монпелје во Франција

За ракометарите на Вардар денешното гостување во Монпелје е под реден број 4 со оглед на тоа што од 2014 година досега имаат веќе три меча на овој терен и две победи и едно реми.

Она што е позитивно е дека двете победи беа забележани во септември така што тоа дава најава за нов добар резултат. Инаку, првиот пат победата беше со пет, а вториот со три гола разлика.

И првиот пат кога гостуваше на 19 октомври во 2014 година, вардарци се вратија од Монпелје со крената глава односно тогаш одиграа нерешено, 34:34.

Практично Вардар има само еден пораз од Монпелје во седум средби досега и тоа оној од полуфиналето на Ф4 турнирот во 2018 година. На другите шест има пет победи и едно реми.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ МЕЃУ ВАРДАР И МОНПЕЛЈЕ

19 ОКТОМВРИ 2014

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР    34:34

Гребил 11, Гајиќ 7, Доленец 5 – Дибиров 9, Карачиќ 7, Тоскиќ 5

14 ФЕВРУАРИ 2015

ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ    30:26

Дибиров 12, Карачиќ 4, Шишкарев 3 – Гајиќ 6, Доленец 4, Гигу 4

20 СЕПТЕМВРИ 2015

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР    25:30

Гајиќ 8, Гигу 3, Мацковшек 3 – Дибиров 6, Македа 6, Тоскиќ 5

5 МАРТ 2016

ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ    34:26

Душебаев 7, Манасков 7, Карачиќ 5 – Гајиќ 6, Вилемино 5, Доленец 4

26 МАЈ 2018

ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ    27:28

Борозан 6, Циндриќ 6, Чупиќ 5 – Порт 8, Гигу 7, Ричардсон 6

15 СЕПТЕМВРИ 2018

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР    24:27

Кавтичник 6, Фаустин 3, Бинго 2 – Борозан 8, Чупиќ 6, Скубе 5

2 МАРТ 2019

ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ    33:27

Кристопанс 7, Карачиќ 6, Чупиќ 5 – Порт 5, Кавтичник 4, Петерсон 4