Сениорките без пауза: Од Турција на тренинг во засилен ритам

Женската репрезентација на Македонија во ракомет денеска се собра во Скопје каде што се приклучија интернационалките со исклучок на голманката Наташа Антиќ.

Иако без пауза ракометарките одработија во СРЦ „Кале“, а ќе тренираат и утре по што в среда заминуваат за Шведска каде в четврток ќе биде одигра првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2018.

Јасно е дека Швеѓанките се фаворити, но Македонија нема што да загуби на овој дуел. Девојките ќе може да одиграат смирено и да ги покажат своите квалитети. Во јуни одиграа две средби и тогаш не успеаја, но затоа сега може да покажат дека имаат напредувано.

Сега ќе бидат комплетни, а тоа значи дека Симовски може да смета на ракометарките на кои планираше и да се обиде да го извлече максимумот од нив.