Сениорките без најискусната: Бајрамоска не е во комбинација поради повреда

Левиот бек на Вардар и на репрезентацијата на Македонија, Мирјета Бајрамоска не е дел од тимот кој ќе патува за Шведска, но нема да биде во комбинација ниту за дуелот против Србија од квалификациите за ЕП 2018.

Таа се повреди уште пред турнирот од Регионалната лига во Подгорица и оттогаш е надвор од теренот така што не е подготвена и нема да може да помогне. Поради ова Симовски не можеше да смета на неа и на турнирот во Турција иако беше на списокот.

„Бајрамоска е повредена и не е во комбинација за овие два меча. Ќе ни недостига, но тука не можевме ништо така што одиме за Шведска без неа, а ќе ја немаме ниту против Србија в недела“, изјави Симовски пред заминувањето на првиот меч од квалификациите за ЕП 2018.