Сениорките без капитенот ги започнаа подготовките за квалификацискиот турнир

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за квалификацискиот турнир за бараж дуелите кои носат пласман на Мундијалот. Противници на Македонија ќе бидат Турција, Азербејџан и Исланд, а се чини дека островјанките ќе бидат најголемиот ривал за првото место кое единствено води во баражот.

На првиот собир, селекторот Симе Симовски не сметаш на Јована Мицевска, капитенот Елена Ѓорѓиевска, Ивана Гакидова и Дајана Јовановска, како и Александра Боризовска и Сања Дабевска кои денес играат натпревар од Женската лига против ЦЕМС:

Тренинзите ќе се одвиваат секојдневно во СЦ „Борис Трајковски“, а исто така и натпреварите од турнирот ќе бидат одиграни во оваа сала.