Сениорите со чартер лет ќе патуваат за Турција

Машката сениорска репрезентација на Македонија ја очекуваат натпреварите против Турција и Грција од квалификациите за пласман на континенталниот собир.

Дуелот кој можеби ќе ни донесе прво место во групата, се игра на 12 јуни во градот Ескишехир со почеток во 18:00 часот.

Ракометарите ќе патуваат со чартер лет до Турција, во вторник во 08:00 часот наутро.