Сензација во ЕХФ Купот: Шамбери го елиминираше шампионот Фуксе Берлин

Во рамките на третото коло од ЕХФ купот, екипата на Шамбери го совлада Фуксе Берлин и се пласираше во групната фаза. Елиминацијата на минатогодишниот освојувач на ЕХФ трофејот се надзираше уште по натпреварот одигран во Германија, кога Шамбери остана непоразен и со реми од 31-31 ги пречека „лисиците“ во Франција.

Денешниот дуел му припадна на составот на Ивица Обрван и Данило Брестовац, кој со сигурни 34-30 го елиминираше бранителот на титулата, и се пласирше во групната фаза која ќе се одигра наредната година. Шамбери имаше контрола врз резултатот и играта, на полувреме заминаа со два погодока предност 19-17, а на крајот се радуваа на четирите голови разлика 34-30, за вкупно 65-61.

Во двомечот најпрецизен беше Н’гесан со вкупно  18 постигнати голови, додека Пати постигна 10. Кај поразениот бундеслигаш Ненадиќ имаше 18 прецизни удари додека Петерсен постигна осум, сите во вториот натпревар.

Освен Шамбери пласман во групната фаза обезбедија Винтертур, Алборг, Лионс, Нант, Гепинген и Магдебург. Утре ќе бидат познати имињата на останатите девет екипи.