Сензација во Букурешт: Падна Ростов Дон

Денес започнаа натпреварите од четвртфиналните дуели во Лигата на Шампионите. Честа да го одиграат првиот натпревар во оваа фаза им припадна на ЦСМ Букурешт и Ростов Дон. Руската екипа која до сега немаше ниту еден пораз во ЛШ денес конечно беше совладана и тоа во првиот четвртфинален дуел помеѓу двете екипи.

Натпреварот се одигра денес во Букурешт, а победа издвојува домашниот тим со 26:25 (11:12).

По пауза поради повреда на теренот во Букурешт се врати Лине Јоргенсен кој одигра солидна партија за нејзиниот тим.

ЦСМ Букурешт – Ростов Дон 26:25 (11:12)

Букурешт:Беренгуер 5, Торстенсон 5, Гулден 3, Јоргенсен 3, Бело 3, Брадеану 2, Цуреа 2, Фискер 1, Манеа 1, Варзару 1.

Ростов Дон: Илина 9, Сен 5, Боршенко 3, Манагарова 3, Петрова 2, Бобровникова 1, Шимкуте 1, Сливинскаја 1.

Реванш натпреварот ќе се одигра во Ростов на 09.04.2016 со почеток од 17ч.