Сензација во Автокоманда: Вардар Јуниор го совлада ЖРК Металург

Во ,,Автокоманда” се одигра женското дерби од Супер лигата помеѓу ЖРК Металург и Вардар Јуниор. Одлична партија одиграа избраничките на Симе Симовски кои триумфираа со 22:21 (9:9). Ова е прв пораз на ЖРК Металург во новата сезона, а младиот тим на Вардар Јуниор со денешната победа го првзема лидерското место во националниот шампионат.

Најефикасна ракометарка на натпреварот беше Теодора Керамитчиева од Вардар Јуниор со осум погодоци. Во ЖРК Металург најефикасни беа Андреа Белеска и Сања Дабовска со шест погодоци.