СЕНЗАЦИЈА: БУКУРЕШТ ГИ ЕЛИМИНИРАА НЕПОБЕДЛИВИТЕ

Во текот на целата сезона во елитното натпреварување, Ростов Дон немаше ниту еден пораз и беше главен фаворит за влез во најдобрите 4 екипи, но овој пат тие соништа им ги уништи романскиот шампион ЦСМ Букурешт.

Вистинска сензација се случи токму на денешниот четврт финален реванш дуел. ЦСМ Букурешт им нанесе втор пораз по ред на непобедливите русинки.

По првиот четврт финален дуел, на кој романките победија со само еден гол разлика, истото го повторија и денес и тоа на теренот на Ростов Дон. Русинките и на домашен терен не успеаа да најдат решение за победа против тимот на Ким Расмусен.

Ракометарките на Букурешт го имаа натпреварот во свои раце уште на самиот старт, а доказ за тоа беше резултатот на полувреме 11:16. Иако ракометарките на Ростов Дон даваа некаква надеж дека тие ќе бидат дел од завршниот турнир, сепак нивниот противник не го дозволи тоа. Со голема борба до самиот крај, се израдува тимот на Расмусен победувајќи ги Русинките со 28:29 на гостински терен. Најефикасна во тимот на поразените беше Илина Екатерина со 8 погодоци, додека Родригос Бело со 7 погодоци беше најдобра во победничката екипа.