Селфи на Рожерио Мораеш: Пивотот на Вардар е целиот со фластери (ФОТО ВЕСТ)

Пикерот на Вардар, Рожерио Мораеш е веќе на домашно лекување после оперативниот зафат на неговиот нос, кој настрада при дуелот со Жалуз во саботата. Носот беше скршен, па докторите мораа да го задржат една вечер во болница на лекување.

Сепак, после хируршката интервенција тој се наоѓа дома, а самиот направи селфи и покажа во каква ситуација е неговиот нос и лице во моментов. Тој сигурно нема да може да игра во следните две недели, а дали ќе биде подготвен за настап против Кристијанштад на 4 ноември ќе биде познато наскоро.

Фото: фејсбук