Селекторот Симовски го објави поширокиот список на женската сениорска репрезентација

Македонската сениорска женска репрезентација во наредните 10 дена ќе го затворат квалификацискиот циклус за Европското првенство во Шведска. Македонија ги загуби сите шанси да обезбеди пласман меѓу првите две места во групата кои водат директно на континенталниот собир, а веќе како аутсајдер и формално ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите против Црна Гора во Скопје на 2 јуни, и три дена потоа во Ријека каде ќе ги пречека репрезентацијата на Хрватска.

Селекторот Симовски ќе смета на вкупно 17 ракометарки за претстојните натпревари, а во продолжени можете да го погледнете ростерот на женската сениорска репрезентација.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Голмани:
Наташа Антиќ
Драгана Петковска
Матеја Серафимова
Нина Ладева

Крила:
Јована Саздовска
Сара Митова
Наташа Нолевска
Сара Ристовска

Бекови:
Дајана Јовановска
Теодора Керамичиева
Андреа Белеска
Елена Ливриниќ
Симона Стојановска
Елена Ѓорѓиевска

Пикери:
Марија Николиќ
Ивана Гакидова
Стефанија Мишевска