Селекторот на Црна Гора во страв: Македонија ќе има 7000 навивачи во Загреб

Покрај членовите на репрезентацијата на Македонија денеска се собраа и ракометарите коишто се планирани за составот на Црна Гора. Селекторот Драган Ѓукиќ, кој е поранешен тренер на Вардар и селектор на Македонија со интересна изјава секако ќе даде мотив плус за нашите репрезентативци на шампионатот во Хрватска.

Македонија и Црна Гора се во иста група на шампионатот, а и двете селекции гледаат шанса за победа која сигурно ќе значи пласман во втората рунда.

„За ракометниот бум во Македонија не треба многу да се зборува. Сите добро го знаеме тоа. Вардар е шампион на Европа, Металург игра неверојатно. Покрај тоа репрезентацијата е сочинета од ракометари кои веќе долго време се заедно. Во Загреб ќе дојдат сигурно 6-7 илјади навивачи и со поддршка од секој друг вид каква обично ја имаат на големите натпреварувања“, изјави Ѓукиќ.