Селекторот на Србија, Цветковиќ ги заборави Абутовиќ и Арсиќ

Селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ ги повика Страхиња Милиќ и Мијајло Марсениќ на подготовките за ЕХФ-неделата после кои ќе има и двомеч со Австрија, но ги заборави Илија Абутовиќ и Дарко Арсиќ.

Одбранбениот ракометар на Вардар не се најде меѓу 22 ракометари на кои Цветковиќ ќе смета во последната недела од октомври, а го нема ниту голманот на Металург што е изненадување ако се има предвид дека и двајцата се во одлична форма.

Тоа што Милиќ и Марсениќ се во тимот е сосема очекувано бидејќи и тие играат на високо ниво така што ова е само можност да продолжат со настапите за својата земја.

Инаку, Србија се подготвува за Европското првенство во Хрватска каде што се наоѓа во група со домаќинот, со Шведска и со Исланд.