Селекторот Марковиќ доби отказ од Азоти Пулави

Селекторот на БиХ, Драган Марковиќ по само седум кола од полскиот шампионат доби отказ од управата на ракометниот клуб Азоти Пулави.
Покрај зголемениот буџет и високите амбиции на полскиот клуб, наместо да каска зад великаните Киелце и Висла Плок, Азоти по седум кола има само два бода и се наоѓа на претпоследната позиција во полското првенство. Тоа беше доволна причина управата на клубот да му врачи отказ на тренерот кој за прв пат ја носи БиХ на едно големо натпреварување, како Светското првенство во Катар.
Во официјален допис до медиумите управата на последниот состанок ги наведе причините поради кои решила да го прекине професионалниот однос со босанскиот тренер, а се однесуваат пред се на резултатите кои ги постигна клубот оваа сезона.
На иницијатива на сега веќе поранешниот тренер во клубот беше доведен Никола Прце кој исто така не ги исполни во целост очекувањата на управата.Азоти Пулави беше гостин на струшкиот турнир 2014, на кој го освои четвртото место.
Марковиќ сега ќе има повеќе време да се посвети на селекторската функција на клупата на БиХ, еден од противниците на Македонија во групата Б на Светското првенство во Катар.