„Секоја чест за Ливерпул и Тотенхем, ама Вардар ја има најлудата приказна во Европа!“

Иако во последната седмица најактуелни се фудбалските екипи на Ливерпул и Тотенхем, кои со спектакуларни пресврти успеаја да обезбедат место во големото финале на Лигата на шампионите, сепак најголемите херои на Стариот континент се ракометарите на Вардар, барем според хрватскиот портал „Индекс“.

„Секоја чест за Тотенхем и Ливерпул, но најлуда спортска приказна за годинава е Вардар. Клубот се гаси, ракометарите имаат добиено документи за раскин, но сеедно газат се пред себе и атакуваат на нова титула европски првак“, пишува „Индекс“.

Хрватскиот медиум се потсеттува на соопштенијата на Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски,  но и покрај обидот да остане нешто од актуелниот играчки кадар, поголем број од играчите веќе имаат договорени трансфери за следната сезона.

„Клубот се гаси, играчите немаат плата, но сеедно маршираат кон врвот на Европа. Неверојатно“, се вели на крајот на сторијата за Вардар.