Секогаш посебен: За сите други БМВ, за Трефилов – Мерцедес

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на ракометарките кои ја освоија олимписката титула во Рио, им подари по еден автомобил BMW Х6, но селекторот Трефилов од него не доби ништо.

Затоа неправдата ја исправија претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, како и претседателот на клубот кој го тренира Трефилов, Кубан, и му подарија не било каков автомобил, туку Мерцедес.

Трефилов го продолжи договорот и ќе биде предводник и во иднина на националниот тим.