Сезонава игра во одлична форма: Дејан Манасков е меѓу најдобрите стрелци во Веспрем

Левото крило на репрезентацијата на Македонија и на екипата на Веспрем, Дејан Манасков сезонава игра во одлична форма. Тој е меѓу најдобрите стрелци за својот тим и се наоѓа на високото 4. место на клупската ранг-листа со 41 погодок.

Од почетокот на сезоната Веспрем одигра 15 средби во сите натпреварувања, а на нив беа забележани 14 победи и едно реми. Покрај тоа беа постигнати и 501 гол, а онив 41 е дело на Дејан Манасков.

Најдобар стрелец во Веспрем засега е Мате Лекаи со 55 погодоци, а потоа следуваат Драган Гајиќ со 51, Гашпер Магруч со 48, Дејан Мансков со 41 и Кент Робин Тонесен со 35 гола.