Седум дена во фул состав пред СП: Македонија се комплетира на 28 декември!

Македонската репрезентација ќе го има првиот неофицијален собир на 19 декември и дел од ракометарите ќе ги започнат подготовките за настапот на Мундијалот во Германија и Данска, кој започнува на 10 јануари.

Прозивката би требало да ја изврши асистентот на Раул Гонзалес, Роберто Парондо, кој дотогаш ќе ги заврши обврските со Вардар во регионалната СЕХА лига. На првите тренинзи ќе се појават играчите од Вардар, Металург и Еурофарм Работник, па тековно ќе се приклучуваат и интернационалците од другите европски клубови.

Сепак, нашата репрезентација ќе биде комплетна дури на 28 декември, најдоцна на 29 декември. Но таквиот проблем ќе го имаат и најсилните репрезентации, кои имаат играчи што се дел од бундеслигашките клубови. Во Германија, последното коло од полусезоната се игра дури на 27 декември, па дури пред Нова Година, ракометарите ќе бидат ослободени од обврските.

Тоа значи дека нашата селекција ќе тренира во комплетен состав само една седмица, ако се знае дека ракометарите ќе добијат слободно за Нова Година, Бадник и Божиќ, а ќе одиграат и два пријателски средби на 4 и 5 јануари против Србија, додека заминувањето за Германија најверојатно ќе биде на 9 јануари.

Ако го земеме во предвид последниот поширок список на националниот тим и сите 28 играчи, а под претпоставка дека нема да има поголеми промени (освен една или две поради повредата на Велковски), последен на репрезентацијата ќе се приклучи Филип Талески и евентуално Филип Миркуловски, кој не беше на последниот список. Жарко Пешевски исто така меѓу последните ќе се приклучи на националниот тим, бидејќи на 23 декември има натпревар од украинскиот шампионат.

Најрано со обврски за оваа сезона ќе завршат играчите на Еурофарм Работник, кои на 12 декември ќе ја одиграат последната средба од Супер лигата против Бутел Скопје. Македонија на Мундијалот, кој ќе се игра од 10 до 27 јануари, е дел од групата Б во Минхен, а за противници ги има Јапонија, Бахреин, Хрватска, Исланд и актуелниот европски првак Шпанија.

Во продолжение преглед на последните натпревари на селекторот, неговиот помошник и ракометарите:

тим последен натпрвар датум
Раул Гонзалес ПСЖ Нант – ПСЖ 20.дек
Роберто Гарсија Парондо Вардар Стеауа – Вардар 17.дек
Горан Крстевски Еурофарм Работник Еурофарм Работник – Бутел 12.дек
Мартин Томовски Металург Извиѓач – Металург 18.дек
Борко Ристовски Бенфика Бенфика – Мадеира 19.дек
Никола Митревски Констанца Динамо Букурешт – Констанца 13.дек
Мартин Велковски Металург /
Никола Маркоски Еурофарм Работник Еурофарм Работник – Бутел 12.дек
Дејан Манасков Веспрем Цеглед – Веспрем 16.дек
Гоце Ојлески Еурофарм Работник Еурофарм Работник – Бутел 12.дек
Димитар Димитриоски Металург Извиѓач – Металург 18.дек
Гоце Георгиевски ЦСМ Букурешт ЦСМ Букурешт – Сучеава 12.дек
Немања Прибак Бешикташ Гоцтепе – Бешикташ 16.дек
Филип Чурлевски Еурофарм Работник Еурофарм Работник – Бутел 12.дек
Мартин Поповски Вардар Стеауа – Вардар 17.дек
Томислав Јагуриновски Металург Извиѓач – Металург 18.дек
Филип Лазаров Ратинген Ратинген – Тусем Есен 15.дек
Мартин Манасков Пролет Пролет – Борец 08.дек
Милорад Кукоски Еурофарм Работник Еурофарм Работник – Бутел 12.дек
Филип Арсеновски Металург Извиѓач – Металург 18.дек
Филип Талески Рајн Некар Кил – Рајн Некар 27.дек
Костадин Петров Пелистер Пелистер – Вардар Јуниор 12.дек
Велко Маркоски Констанца Динамо Букурешт – Констанца 13.дек
Златко Даскалоски Стразбур Каен – Стразбур 20.дек
Марко Мишевски Вардар Стеауа – Вардар 17.дек
Кире Лазаров Нант Нант – ПСЖ 20.дек
Стојанче Стоилов Вардар Стеауа – Вардар 17.дек
Жарко Пешевски Мотор Запорожје Портовик – Мотор Запорожје 23.дек
Марио Танкоски Металург Извиѓач – Металург 18.дек
Филип Кузмановски Еурофарм Работник Еурофарм Работник – Бутел 12.дек