Свечено отворен кадетскиот Мундијал – Скопје ќе биде центар на најдобрите светски ракометари! (ФОТО)

Вечерва во СЦ “Борис Трајковски” свечено отворен кадетскиот Мундијал, кој 13 дена ќе се одржува во македонската метропола.

24 репрезентации ќе се борат најпрво за место во осминафиналето, а потоа најдобрите ќе бијат битки за подиумот на завршниот викенд.

Присутните гледачи ги поздравија претседателот на Ракометната Федерација на Македонија – Живко Мукаетов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.