Светското првенство ја зема првата жртва

Домаќинот на Светското првенство – репрезентацијата на Данска во продолжение на шампионатот ќе мора да настапи без една од најдобрите ракометарки. Имено централниот бек на скандинавската екипа – Лотте Григел во натпреварот против Тунис заработи тешка повреда на лигаментите која наверојатно ќе ја остави вон теренот 10-12 месеци.

По два одиграни натпревари во групата А, домаќините забележаа две победи против репрезентациите на Тунис и Јапонија. Следниот предизвик за Данска е утревечер во 20:45 против репрезентацијата на Србија.