Светот ќе има нов владетел: Романија го изненади Бразил

Репрезентацијата на Романија приреди вистинска сензација во осминафиналниот дуел од Светското првенство во Данска, победувајќи го актуелниот светски шампион Бразил.

Светското првенство во Данска ќе донесе нов владетел откако романските ракометарки успеаа да ги детронизираат „кариоките“. Бразил не ја оправда улогата на фаворит. Расположените ракометарки на Романија го имаа резултатот во свои раце во целиот тек на натпреварот, а Бразилките не успеаа да ја анулираат негативата што на првото полувреме изнесуваше пет погодоци (8-13).

Во вториот дел Бразилките прикажаа поцврста игра, па стигнаа на два гола негатива но Романките успеваа да ја одржат предноста. На десет минути до крајот на мечот Бразилките постигнаа четири гола во низа (19-20) па тоа даде надеж дека може да се случи пресврт. Брaзилките даваа се од себе но не успеаа да направат нешто повеќе, Романките беа сигурни во своите налети и не дозволија да ја испуштат историската победа (22-25).

Аурелиа Брадеану беше најефикасна кај Романките со седум гола, а Неагу постигна шест. Кај Бразил , Ана Бело беше најефикасна со пет погодоци