Сања Дамњановиќ: Среќна сум што ќе бидам поблиску до дома

Како што веќе претходно најавивме српската интернационалка од следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес. По две сезони минати во дански Виборг, левиот бек Сања Дамњановиќ потпиша двегодишен договор со македонскиот шампион.

Веднаш по пристигнувањето во изјава за 24ракомет запрашана за времето поминато во Данска, Дамњановиќ изјави:

“Многу позитивни впечатоци имам од Данска, ракометот таму е навистина спорт број еден. Што се однесува до првенството мислам дека е едно од најсилните во светот и многу може да се научи за ракометот. Минатата година го освоивме првенството, данскиот куп и купот на победниците на куповите. Оваа сезона ни беше малку послаба бидејќи имавме повреди. Имам многу позитивни импресии од Данска но доста се две години бидејќи човек се заситува затоа што таму не е како на балканот.”

Причините поради кои се решила за промена на средината Дамњановиќ ги објасни со следната изјава:

“Се променија амбиците на клубот и не се пронајдов себеси во иднината на клубот и сметам дека е вистинско време за промена и среќна сум за тоа што ќе бидам поблиску до дома.”

Последните случувања со српската репрезентацијата ја одалечија Дамњановиќ од списокот на српската репрезентација. Нејзинот коментар  во врска со оваа ситуација е следниот:

 “Жал ми е за тоа што се случи со репрезентацијата и што за престојните квалификации не сум на списокот за подготовки за репрезентација”