Саша Бошковиќ(селектор на Србија): Се зависи од нас, само да бидеме добро подготвени

Репрезентацијата на Србија вечерва од 18:00 часот во Осијек го игра вториот натпревар од групата Д против селекцијста на Франција. Во првиот натпревар Србија доживеа пораз од актуелниот Европски шампион Црна Гора со 22-19, додека пак Франција одигра колку што е потребно и ја совлада Словачка со 21:18.
Најдобрите три репрезентации од секоја група се пласираат во втората фаза на ЕП а групата Д вкрстува со репрезентациите од групата Ц во која се наоѓаат домаќинот Хрватска, Холандија, Германија и Шведска.

Во пресрет на денешниот доста важен натпревар за српската репрезентација со своја изјава излезе и селекторот на Србија, Саша Бошковиќ:

Како што знаете се соочуваме со многу проблеми. Девојките предмалку завршија со терапии. Натпреварот против Франција е многу важен за нас. Тие се многу квалитетна репрезентација а тоа го покажаа на отворањето против Словачка. Покажаа способност да одиграат колку што е потребно за да го добијат натпреварот. И пред стартот реков дека ова ќе биде едно од најдобрите првенства. Практично во секоја група има по три репрезентации кои конкурираат за медал. Франција е многу сериозна репрезентација игравме против нив во Норвешка. Ги познаваме добро и се надевам дека подготвени ќе влеземе во натпреварот. Се зависи од нас, само да бидеме добро подготвени за овој натпревар.

Владимир Јаковљевиќ (доктор на репрезентацијата на Србија):

Како што кажав и на почетокот на подготовките жал ми е што сум јас во центарот на вниманието. Досега успевавме да ги санираме повредите. Повредите со кои се здобија ракометарките на натпреварот со Црна Гора не се од посериозна природа. Најсериозно беше со Драгана Цвијиќ, но констатирано е дека нема скршеница на раката, и ќе успееме да ја санираме повредата. Најголемиот дел од ракометарките ќе бидат спремни за натпреварот против Франција.

фото: ehf-euro.com