Сара Ристовска со уште поголема предност на Листата на стрелци

После седум комлетни кола во Женската лига на врвот на Листата на стрелци нема промени. Сара Ристовска е неприкосновена со дури 84 погодоци и неверојатен просек од 12 гола по меч со што едноставно нема конкуренција.

Зад неа се дури пет ракометарки распоредени во неколку гола разлика што значи дека битката за 2. место добива на голема конкуренција.