Сара Ристовска после одличниот меч: Игравме дисциплинирано и заслужено победивме

Одличната партија на Сара Ристовска на гостувањето на Вардар кај Ларвик не остана незабележана бидејќи таа заедно со Пенезиќ беше најефикасна со шест гола, но имаше стопостотна реализација така што нејзиниот придонес беше одличен за екипата на Вардар.

Ристовска играше во вториот дел и на првото и на второто полувреме, а имаше одличен придонес во победата и ова е нејзината најдобра партија во дресот на Вардар.

„Го почнавме натпреварот без притисок и се препуштивме на нашата игра. Имаше отпор од ривалот, па затоа и беше нерешено на почетокот. Со одбраните на Суслина и добрата игра имавме брзи контри и полуконтри, за да направиме разлика. Во нашата игра имаше голема дисциплина и лесно и заслужено триумфиравме“, изјави Ристовска.