Сара Ристовска му се приклучи на ЖРК Вардар

Младата репрезентативка на Македонија, Сара Ристовска му се приклучи на македонскиот шампион, ЖРК Вардар. Ристовска замина со екипата на Индира Кастратовиќ на мини подготовките во Охрид по што ќе има можност да се договорат деталите, да се запознае со тимот и колешките пред најавените дуели со репрезентацијата на Данска.
Ристовска изминатите две сезони беше лидер на ЖРК Металург, а нејзините одлични настапи оставија добар впечаток кај Индира Кастратовиќ и Јан Питлик.

Најдобрата македонска младинска репрезентативка својата ракометна кариера ја започна во ракометната школа на тренерот на Вардар, ЖРК Кастратовиќ, од каде замина во ЖРК Металург. Македонскиот шампион, Вардар, ќе биде третиот клуб за младата македонска ракометарка.