Сара Ристовска лидер на стрелците со просек од 12 гола

Десното крило на Вардар, Сара Ристовска е нов лидер кај стрелците во Супер женската лига. Таа постигна 17 гола на мечот против Овче Поле и со просек од 12 гола по натпревар се позиционираше на врвот на листата.

Веќе има десетина ракометарки со двоцифрен број на голови, но најблизу до неа се Камческа од тимот на Деспина од Прилеп и Хмираова која има пет гола помалку од Ристовска.