Сандра Тофт задржана во болница

Голманот на данската репрезентација Сандра Тофт после натпреварот со Лублин е задржана во болница во Копенхаген.

При враќањето на норвешкиот шампион Ларвик по победата над Лублин во Лигата на Шампионите 25-годишниот чувар на мрежата кажала дека не се чувствува добро. По пристигнувањето во Копенхаген таа била пренесена во болница, додека остатокот од тимот го продолжил патувањето назад во Норвешка.

Тренерот Оле Густав во изјава за норвешките медиуми изјави дека Тофт се чувствува подобро но мора да остане под медицински надзор барем еден вечер пред конечно да се приклучи на остатокот од тимот.