Сам против сите: Оливер Пешовски го реши Младост Богданци

Весна Акумулатори имаше успешно 4. коло од плеј – аутот во Првата лига. На гости, тимот предводен од Тодорчо Николов славеше против Младост Богданци со високи 33;24.

Подобро започнаа домашните од Богданци. Имаа предност, но гостите од Пробиштип успеаја да се вратат во игра, брзо стигнаа до предност која до крајот на првиот дел се претвори во убедлива, 15:8.

Седумте гола разлика, со почетокот на вториот дел, Младост Богданци успеа да ги намали. Но истото не значеше и комплетно враќање во игра бидејќи набрзо потоа, Весна Акумулатори се врати во висока резултатска позитива и победи.

Оливер Пешовски беше најдобар во победничкиот состав и даде 14 од 33 голови за својот тим. Кај богданичани, Никола Роглев погоди шест пати.