САМСОНЕНКО МУ ПОДАРИ ДРЕС НА ЗАЕВ, ТОЈ МУ ВОЗВРАТИ СО ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА! (ФОТО+ВИДЕО)

По освоената европска титула, за ракометарите на Вардар нема одмор.

По вчерашното патување од Келн до Скопје и прославата низ улиците на главниот град и на плоштадот Македонија, денеска е ден за приеми.

Вардарци беа кај премиерот Зоран Заев, кој доби дрес од финансиерот на тимот, Сергеј Самсоненко, а за возврат македонскиот и европски првак доби награда од половина милион евра.