Самсоненко: Искрено верував во Индира, таа е легенда на македонскиот ракомет, но се покажа дека нешто не функционира во Вардар!

Вардарки од наредниот период ќе имаат нов тренер. По лошото издание во првиот дуел од Лигата на шампионките, Индира Кастратовиќ заминува од тренерската позиција, а до именување на нов тренер, Вардар ќе го предводи тренерскиот тим Сергеј Самсоненко, Аце Станковски и Едуард Кокшаров. На прес конференцијата пред дуелот со Лајпциг, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко истакна дека одлуката за заминување на Кастратовиќ клубот ја направил во интерес на ракометарките и публиката која е желна за успех на овој тим, а за Индира има да каже само позитивни работи и се надева дека повторно ќе се приклучи во клубот но во друго својство бидејќи нејзиното искуство е добредојдено.

Сергеј Самсоненко, сопственик на спортско друштво Вардар:

Ние мислевме дека сè ќе биде во ред и ќе имаме добра игра, дека ќе делуваме добро пред домашна публика, очекувавме добра игра, но видовме дека нешто не чини. Ние ја сакаме Индира. Четири години бевме заедно, и беше многу тешко да донесеме ваква одлука, но тоа е спорт и мораме да гледаме професионално на работите. Се надевам дека Индира ќе остане дел од нашето семејство Вардар.

За нов тренер потребно е време, почнавме да бараме, а сега следува анализа и договори. Затоа јас предложив да направиме тренерски тим: Аце Станковски, Едуард Кокшаров и јас. Одговорноста за играта ја превземам јас, а ќе делуваме како тренерски тим. Сакам да потврдам дека побаравме неколку дена помош од Давид Дејвис, бидејќи освен оној лош натпревар во полуфинале минатата година, генерално одигравме убаво во другите дуели и затоа побаравме помош од Дејвис да се искоординираме и да се вратиме во нормала пред дуелот со Лајпциг.

Од наша страна ќе дадеме сè да биде задоволна и екипата и публиката. Сакако сакам посебно да и се заблагодарам на публиката која на првиот дуел ни дадаe добра поддршка и сакам да ги повикам да дојдат да нè поддржат, а ние ќе се потрудиме да уживаат во победата.

Искрено верував во Индира, таа е легенда на македонскиот ракомет, но се покажа дека Вардар нема игра односно нешто не функционира. Но мораш да играш и да се бориш со срце и тогаш ќе имаш почитување и од клуб и од публиката.

ФОТО: Денис Дуковски, РК Вардар