Само победа ја носи Македонија кон полуфинале и дуел со Исланд

Женската кадетска репрезентација на Македонија доколку сака да игра во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Италија денеска нема друг избор освен победа на мечот против Полска. Два бода од овој натпревар ќе значат 2. место во групата Б со што македонија ќе дојде до полуфинале, а веќе се знае дека таму противник ќе биде Исланд.

Со оглед на тоа што Македонија не може да се најде на првото место јасно е дека може само до 2. место. Сепак, за да се случи тоа мора да го совлада составот на Полска, а доколку биде повторена играта од мечот против Белорусија тогаш и може да се очекува остварување на целта.

Средбата се игра од 18 часот, а досега на сите натпревари кои ги играа во овој термин кадетките забележаа победи.

ЕХФ ШАМПИОНАТ

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ТУРЦИЈА – ИЗРАЕЛ        20:22

ЧЕШКА – ТУРЦИЈА         26:24

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО (ДЕНЕСКА)

14:00ч

ИСЛАНД – КОСОВО

16:00ч

ЧЕШКА – ТУРЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Исланд 6 бода (82:65); 2. Чешка 4 (88:63); 3. Израел 4 (85:87); 4. Турција 2 (83:71); 5. Косово 0 (53:105).

ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН   30:23

БЕЛОРУСИЈА – ПОЛСКА              26:27

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО (ДЕНЕСКА)

18:00ч

ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА

20:00ч

БЕЛОРУСИЈА – ИТАЛИЈА

ТАБЕЛА: 1. Италија 6 бода (89:76); 2. Полска 4 (96:88); 3. Македонија 4 (83:76); 4. Белорусија 2 (91:79); 5. Азербејџан 0 (103:143).